| четврток, 6 декември 2018 |

Чувајте се од прерана смрт, од оваа храна брзо се разболуваме и побрзо старееме

Ново британско истражување покажува дека таканаречниот „западен“ начин на исхрана не е добар за долг живот. Лицата кои се хранат со пржена храна, слатки, црвено месо и месни преработки, масни и млечни производи имаат зголемен ризик од прерана смрт. Голема е веројатноста дека и ако доживеат длабока старост, нема да имаат добро здравје.

Истражувањето траело од 1985 до 2015 година и опфатило 3.800 мажи и 1.600 жени во Велика Британија, со просечна старост од 51 година. На крајот од истражувањето, 73 отсто од учесниците доживеале нормално стареење, а четири отсто доживеале идеално стареење. За време на истражувањето, 13 отсто доживеале некој вид кардиоваскуларен проблем, три отсто починале од срцеви болести, а седум проценти од други причини.

– Покажавме дека прифаќањето на одредени навики во исхраната може да биде од голема корист во намалување на ризикот од нездравото стареење. Исто така, избегнувањето на западниот сил на исхрана може да помогне во староста да немате хронични болести и да ја зачувате потполната ментална и физичка сила – изјави Тазним Акбарали, водител на истражувањето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top