| четврток, 6 декември 2018 |

Успешно враќање на терените на Роџер Федерер

Роџер Федерер имаше успешен камбек на тениските терени откако во премиерниот натпревар на АТП-турнирот во Рим славеше над Александар Зверев со 2-0 (6-3, 7-5) во сетови. За Швајцарецот ова беше прв меч по поразот од Цонга во Монте Карло минатиот месец, а Федерер по мечот истакна дека сериозно размислувал воопшто да не се појави на теренот бидејќи повредата се уште не му дозволува да игра на највисоко ниво.

– Се мачев по доаѓањето во Рим, а дури утрово донесов одлука да играм, бидејќи чувствував болка при трчањето. Не можев да го дадам максимумот и очекував да загубам со 0-2. Затоа овој триумф толку многу ми значи – изјави Федерер, кој сега има само една победа помалку од Иван Лендл (1071) за да се искачи на второто место на вечната листа на тенисери со најмногу триумфи во кариерата. На врвот е Џими Конорс со 1256 победи во кариерата.

Следен предизвик за швајцарскиот ас ќе биде пресметката со Доминик Тием, Австриецот кој се наоѓа во одлична форма и во 2016 година веќе освои два турнири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top