Операта „Евгениј Онегин“ вечерва репризно ќе биде изведена на сцената на Македонската опера и балет откако во понеделникот беше одиграна премиерата на свеченото отворање на годинешните „Мајски оперски вечери“. Орепата во режија на Дејан Пројковски на сцената на МОБ се поставува по пауза од 34 години. Диригент е Саша Николовски-Ѓумар, сценограф Валентин Светозарев, костимограф Марија Пупучевска, а кореограф Олга Панго. Во улогите на Евгениј и Татјана настапија баритонот Иван Наумовски и гостинката од Украина, Тамара Клинкина, во улогата на Ленски настапи Домагој Доротиќ од Хрватско народно казалиште во Осиек, а како Олга настапи Николина Јаневска.
Годинешните „Мајски оперски вечери“ вклучуваат 15 настани – 10 за возрасна публика, а пет во придружната програма „Мали мајски оперски вечери“. Публиката, покрај „Евгениј Онегин“, ќе има можност да ги чуе и оперите „Риголето“, „Хофманови приказни“, „Турандот“ и Вердиевата „Аида“ со која традиционално на 31 мај се затвораат „Мајските оперски вечери“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.