| четврток, 6 декември 2018 |

„Го славиме Пучини“ е мотото на годинешните Мајски оперски вечери

Традицијата  на Македонската опера и балет и понатаму продолжува со  доближување на оперската и балетската уметност до публиката. Фестивалот „Мајски оперски вечери“ е еден од ретките оперски фестивали во Европа . Годинава тој ќе се одржи по 46 пат, што навистина претставува бројка за почит. Поаѓајќи од респектабилната бројка на одржани фестивали и интересот на публиката за овој значаен културен настан, уметничкото водство на куќата се определи за поделба на програмата во два дела, официјален програм и оф програм со што ќе се понудат серија на настани од 09 мај до 31.мај.

-Во пресрет на овогодинешните 46. по ред Мајски оперски вечери, Македонската опера и балет подготви прекрасни доживувања за љубителите на уметноста под мотото #ГоСлавимеПучини. По повод 160 годишнината од раѓањето на овој безвременски мајстор на операта, Македонската опера и балет подготви програма од неговите најпопуларни дела (Боеми, Тоска, Турандот), поддржани со гости солисти од целиот свет. Во официјалната програма на Мајски оперски вечери 2018 се нудат 5 оперски изведби (Боеми 09.05, Тоска12.05, Турандот19.05, Змејот од Босна22.05 и Аида31.05) и  2 гала концерта (Балетски бисери 15.05 и Puccini&Rossini 23.05). Во оф програмата  се тематските изложби,  #retrOpera,  ретроспективнта изложба на Васе Урдин и „Почетоци“ , промоцијата на монографијата за Зина Креља и одбележување на јубилејот – 100 години од раѓање  на Данка Фирфова.

Накратко, се потрудивме грижливо да одбереме наслови и солисти, кои се надеваме дека ќе ги задоволат вкусовите на најголемите вљубеници во операта, но и најострите критичари.

…Операта, како и секоја друга форма на уметност, е значајна бидејќи ни нуди рефлексија на тоа што сме, на начинот на кој се поврзуваме со другите и ни одсликува што значи да се биде човек … , вели Бисера Чадловска, уметнички раководител на Операта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top