| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно – уапсен убиецот на пејачката Јелена!

ubiec

Убиецот на Јелена Марјановиќ денеска е уапсен на гробиштата во тек на оддавањето на 40-дневниот помен на ѕверски убиената пејачка, објави српскиот „Телеграф“.

Најпрво настанало кошкање, откако на гробиштата се појавиле инспекторите, а потоа следувало апсење, меѓутоа неговиот идентитет ќе биде објавен подоцна во текот на денешниот ден.

Инаку, во текот на денешниот ден, семејствата Крмасновиќ и Марјановиќ одвоено стигнале на гробот на убиената пејачка на „Гранд“, по што почнал обредот за оддавање помен. Набрзо следувало и апсењето на убиецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top