| четврток, 6 декември 2018 |

Љубомир Спасиќ со огромен успех на финалето на Европскиот куп во кајак на диви води (видео)

spasic 1

Македонскиот репрезентативец во кајак на диви води, Љубомир Спасиќ, постигна одличен успех на финалето од Европскиот куп во Аугсбург, Германија, освојувајќи го 4. место во дисциплината К1.

Спасиќ во изминатата 2015 година на Европската ранг листа, од 90 натпреварувачи ја заврши на 9. позиција, но неговиот пласман меѓу европската кајак елита оваа година е подобро за пет позиции. На натпреварот во Аугсбург, во конкуренција на 100 натпреварувачи, Спасиќ заврши на четвртата позиција.

spasic

Од останатите македонски натпреварувачи во финалето на Европскиот куп, Атанас Николовски заврши на 24. место, Александар Златаров на 35. место, а во Топ 40 уште е и Сашко Нацев на 39. место.

spasic

– Горд сум на мојот успех. Успеав значително да го подобрам својот пласман во однос на минатата година. Би сакал да се заблагодарам на личностите и команиите кои безрезервно ми дадоа огромна, морална и финансиска, поддршка – вели Спасиќ, по успехот во Аугсбург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top