| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатна Кока-Кола еден од интересните факти за најчистата земја на светот (видео)

singapur

Сингапур поради неговата стратешка положба го нарекуваат Гибралтар на Азија, а на малајски зборот „Сингапур“ значи град на лавот. Во земјата на огромното богатство владеат некои чудни правила, а вие низ ова кратко претставување научете некои од нив.

1. Светската тоалетна организација основана е во Сингапур. Со оглед дека Сингапурците многу внимаваат на хигиената, доколку по излегувањето од тоалет не сте пуштиле вода можете да бидте казнети 500 долари.

2. Граѓаните на Сингапур можат да гласаат на изборите на Британија. Земјата е членка на Комонвелтот и со самото тоа нејзините граѓани го имаат тоа право.

3. Државата се простира на вкупно 63 острови, а ние не би ви препорачале да шетате по многу од нив бидејќи се ненаселени или служат како војни и индиструски зони.

4. Да  пиеш кафе во облаци овдека е возможно бидејќи на врвот на еден облакодедер од 282 метри се наоѓа бар кои е поставен на највисоко место во светот.

5. Сингапур е една од трите држави во светот кој немаат главен град. Останатите две се Монако и Ватикан.

6. Во оваа земја има четири службени јазици. Англиски, мандарински, тамилски и малајски.

7. Најголемата фонтана на светот се наоѓа во Сингапур и за неа се потрошени шест милиони долари.

8. Иако преводот на името Сингапур е град на лавови тука воопшто нема лавови.

9. На универзитетот во Сингапур многу студенти биле задоволни кога автоматите на Кока-Кола почнале да делат бесплатно лименки за само една прегратка со автоматот.

10. Доколку му веруваме на еден британски истражувач тука луѓето најбрзо одат, просечно 6,15 км на час.

11. Гумите за џвакање се забранети, но на странците им е дозволено да внесат две пакетчиња, повеќе од тоа се смета како криумчарење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top