| четврток, 6 декември 2018 |

Девојка го удри автомобилот на Аца Лукас, неговиот гест ќе ве воодушеви

Аца Лукас вчера попладне имал судар на кружниот тек на Славија. Фолк пејачот не сакал да ја терети девојката која наводно, го предизвикала сударот, ниту да и бара да му плати за гребатинката на неговиот автомобил. Најважно му било сите да се добро и набрзина поразговарал со полицијата бидејќи брзал поради работните обврски, дознава српски Курир.
g3opk4oghpkkyr

Кога новинарот на српскиот Курир му се јавил за да го праша за сударот, фолекот се изнервирал што толку брзо медиумите ја дознале информацијата, а поготово кога му соопштиле дека имаат фотографии од местото на несреќата.

– Да малку ме закачи детето, тоа не е ништо. Ма ајде не ме малтретирајте. Ме удри девојче. Ја пуштив да си оди и не сакав ништо да и земам. Зошто таа да ми плаќа? Не сте нормални. Не ми се пушта телевизор и не ми се чита ни весници. Ќе се иселам од земјава, жими мајка. Номрлано ќе зборувам кога би ме повикале за да зборувам за нешто нормално, на пример кога ќе имам нова песна, луто искоментирал пејачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top