На социјалните мрежи се појави фотографија која ги запали навивачите на Манчестер Јунајтед и воопшто фудбалскиот свет.
Станува збор за фотографија на која се наоѓаат Сер Алекс Фергусон и менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино.
Очекувано веднаш започнаа шпекулациите за можноста Покетино да го замени Луис Ван Гал на клупата на „црвените ѓаволи“.
Најинтересно можеби е што оваа фотографија се појави истиот ден кога Ренато Санчез, кого од Јунајтед сакаа да го доведат во своите редови, потпиша за Баерн Минхен, а за потсетување, неговиот агент Хорхе Мендес исто така го застапува и Жозе Мурињо.
Познато е дека во Манчестер Јунајтед има поделба околу Мурињо – дел го посакуваат на „Олд Трафорд“, а дел се против доаѓањето на Португалецот.
Дали Фергусон пронајде златно решение во преговорите со Маурисио Покетино ќе се знае наскоро. Премиер лигата завршува следниот викенд.
Фотографијата која ги запали навивачите на Манчестер Јунајтед:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.