Српскиот актер Бата Живоиновиќ во моментов е во болница, каде поради гангрената, почнале да му откажуваат органите и единствениот начин да преживее бил да му ја ампутираат левата потколеница. Меѓутоа, лекарите го советувале семејството на актерот да не му се каже дека ја загубил ногата поради можен стрес кој може дополнително да му ја наруши здравствената состојба. Семејството донело одлука да не му кажуваат на Бата дека ја загубил ногата сè додека му се подобри состојбата.
Сопругата Лула изјавила дека состојбата на Бата била критична, но и дека сега е под силни лекарства и пополека закрепнува.
„Му благодарам на Господ што бактеријата која му предизвикуваше хаос во организмот веќе не е во неговото тело и што пополека му се враќаат виталните параметри кои беа многу загрозени“, изјавила Лула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.