На 22 мај годинава, почина легендарниот актер Велимир Бата Живојиновиќ, кој зад себе ја остави саканата сопруга Лула. Таа постојано беше покрај него за време на неговиот престој во болницата и во ниту еден миг не ја загуби вербата дека актерот ќе успее да се извлече од тешката здравствена ситуација. За жал, не беше така… По погребот, Лула остана некое време во нивниот заеднички стан за да ги среди работите, па ги спакува куферите и замина кај нивниот син Миљко, кој неколку години живее во Париз и не може да се врати во татковината. Имено, Лула веќе не можела да поднесе да живее во станот бидејќи таму се’ ја потсетувало на животот со Бата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.