Анегдотата за Бата Живоиновиќ и Борис Дворник како млади и пијани заедно виселе од еден хотел ја раскажува Владан Живковиќ, кој има повеќе од 70 снимени филмови во кариерата.
– Тоа е една, тогаш за мене, страотна приказна. Мислам дека тоа беше во 1971 година. Тоа беше за време на снимањето на филмот „Мост“. Стоиме на 15. кат на хотелот „Амбасадор“ каде што беше и барот. И така, стоиме, Бата Живоиновиќ, Борис Дворник, невропсихијатарот Зоран и јас – изјавил Владан.
Потоа објаснува:
– И во еден момент, Бата ми вели: ајде мали, ти си најмлад, оди донеси четири чаши виски. И одам. Се враќам и го наоѓам само Зоран, малку нервозен и уплашен. Го прашувам кај се Бата и Борис. Тој молчи. Почнувам да ги барам. Ги наоѓам како висат надоле од хотелот. Разговараат и викаат: кај е вискито? Пијана работа – раскажува Владан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.