| четврток, 6 декември 2018 |

Среде Скопје албанските радикали ги славеа терористите со поддршка на Заев

Со одбележување на годишнината од загинувањето на терористите во Диво Насеље кои убија осуммина македонски бранители и со пароли за осуда за полициската акција за одбрана на Македонија во која животот го положија македонските херои, вчера по скопските улици маршираа албанските партнери на опозицискиот лидер Зоран Заев кој продолжува да го спроведува хаосот во Македонија.

protestoj-768x514

По примерот на Зоран Заев Албанците кои протестираа вчера предводени од Албин Курти, излегоа со исти барања, Албанец да биде премиер на Македонија, истакнувајќи ја поддршката за Фатиме Фетаи и СЈО. Ова беше истакнато и од Ким Мехмети кој посочи дека Македонија ќе биде рамноправна држава во оној момент кога ќе има претседател, премиер или шеф на дипломатијата Албанец.

Курти, на вчерашниот протест во Скопје ги славеше терористите од Диво Насеље кои беа убиени при антитерористичката кација.

kurti-1

Албин Курти е лидер на „Самоопределување“, пратеник од опозицијата во Косовскиот Парламент, екс-командант на терористичката УЧК. Тој се смета за фактор на дестабилизација, беше уапсен и се наоѓаше во куќен притвор во Косово, а во јавноста е познат по организирањето на протестите во Приштина. Дел од медиумите, пак, пишуваа дека кога во Парламентот во Косово беше фрлен солзавец, возило со скопски регитерски ознаки на Курти му помогнало да избега.

СДСМ и албанскиот елемент поддржан токму од Курти излегоа со скоро идентични ставови, поддршка за Фатиме Фетаи и Албанец за премиер. Ова пред само два дена го најави членот на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ Едмонд Адеми.

-Америка избра Претседател афро-американец, Лондон градоначалник пакистанец- муслиман, а ВМРовциве кукаат, пиштаат, вриштат да не случајно идниот Премиер биде Албанец. МРШ ТАМУ!, најави фунционерот на СДСМ кој најавуваше крв по улиците. Инаку, тезата за Албанец премиер не е нешто ново кога опозицијата е во прашање.

Неодамна, Љубомир Фрчкоски, поранешен кандидат за претседател на Република Македонија од СДСМ и еден од неформалните советници на Зоран Заев, во едно интервју во јавноста уште еднаш ја актуелизираше неговата идеја за ротирачки премиер при што по правило на неколку години треба да се избира Албанец премиер.

– Kонцептот да се составува влада од една поголема коалиција и да има ротирачки премиер. Што значи ротирачки премиер? Тоа значи Албанец би дошол на премиерското место циклусно за две години, истакна Фрчкоски.

zaev_albansko-zname

Во месец мај минатата година јавноста беше фрапирана од настапот на Заев за косовска телефизија каде изнесе барања за воведување на двојазичност и рекомпонирање на рамковниот договор. Тој изнесе ставови кои ја наметнуваат потребата за федерализација на Македонија и откажување од идентитетските прашања.

Заев во интервјуто говореше за некакво продлабочување на Охридскиот рамковен договор, а имајќи во предвид дека Охридскиот договор е исполнет во најголема мера, експертите сметаат дека се подразбира дека ова е всушност понуда за федерализација, затоа што повеќе од Охридскиот договор е само федерализација каде по етничка основа би се протежирало бинационална држава.

–Јас се плашам затоа што многу граѓани се уште зборуваат за Охридскиот Рамковен договор, ние мора да зборуваме за нашите заеднички проблеми, да одиме понатаму од Охридскиот договор, затоа што сега е време и сме подготвени да бидеме еднакви и да зборуваме за заеднички цели, затоа што тоа ќе се исполни како политичко барање на албанската заедница, рече Заев.

Универзитетскиот професор Александар Даштевски, кој член на ГДОМ, вели дека не очекувал дека ќе излезат со исти ставови, а бидејќи е тоа така, смета дека тие се координираат меѓу себе, а главна цел им е федерализација на Македонија.

dastevski-768x404

-Тоа веќе станува многу опасна работа, затоа што нели ние сметавме прво дека се работи за промена на името на државата, дека се работи за промена на политичката структура меѓутоа ова веќе зборува за некои други работи, дека во координација со сите тие фактори кои што се, не само СДСМ и Албин Курти, туку и Муса Љамалари и „Протестирам“- сите заедно се координирани во смисла на федерализирање на Македонија, вели Даштевски.

При вчерашните протести од Протестирам повторно удрија по Порта Македонија сквернавејќи ја македонската историја. И додека по наредба никој не ги допира спомен обележјата на Скендер бег и Хасан Приштина, исто така по наредба се вандализира повторно Порта Македонија која не е било какво спомен обележје, туку сублимат на македонската историја на едно место: антички обележја на македонската култура, македонски дејци и борци, егзодусот на Егејците, заседанието на АСНОМ, 8-ми септември…

-Гледаме дека се координирани и во протестите, затоа што се уништуваат исклучиво спомениците кои се однесуваат на идентитетот на РМ, односно спомениците на АСНОМ, на илинденците и на децата бегалци, кои претставуваат борба за македонскиот непокор, затоа што сите нивни татковци останале таму и загинале- значи сето тоа сакаат да се згази за да се згази на македонскиот идентитет, додека спомениците кои имаат некоја врска со проектот Скопје 2014, но се работи за Албанци односно Македонци кои се присвоени како што е Скендербег, тие не се уништуваат. Значи координирано се делува само на уништување на македонскиот идентитет за да дојде до конечна федерализација, што е многу опасен момент бидејќи не верувам дека македонскиот народ тоа ќе го гледа без да реагира, додава Даштевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top