Првата ѕвезда и најдобар стрелец на Лестер оваа сезона Џејми Варди најмалку уште една година ќе го носи дресот на “лисиците”.
Иако имаше неколку отворени понуди за продолжување на кариерата, англискиот репрезентативец одлучи да му остане верен на тимот каде достигна ѕвездени височини и ја шокира Англија.
– Тукушто ја освоив титулата и ќе играм Лига на шампионите идната сезона. Среќен сум овде, тоа го кажав и порано бидејќи сите сме како браќа. Затоа, останувам и идната сезона – изјави Варди.
На едно коло пред крајот на сезоната во Премиер лигата тој има 24 гола, еден помалку од најдобриот стрелец Хари Кејн. Пред Варди, и Ријад Марез одлучи да ја продолжи кариерата во Лестер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.