Правилата за гласењето на „Евровизија“ оваа година се поригорозни од кога било , но иако членовите на жири-комисиите од 42 земји добиле јасни упатства за дозволените и недозволените активности, само неколку часа по одработената генерална проба на првата полуфинална вечер, членовите на руското жири усепале да се најдат во центарот на сериозен скандал.
На „Јутјуб“ се појавила снимка од членовите на руското жири, кои ги гледаат настапите на холандските и на еременските претставници, а во разговорот што следува некој од нив наведува дека на Холандија ѝ дале седум поени, пишува хрватска „Евровизија“.
Во видеото јасно се гледа како членовите на жирито прекршиле цела низа сторги правила: никако не смееле да се снимааат за време на оценувањето, апсолутно е забрането информациите за гласањето да се објавуваат во јавноста, а не смее ниту да се снима екранот. Снимката, покрај другото, во старт е емитувана на „Перископ“, платформа што овозможува следење на содржина во живо, а не е познато на кого Русите му овозможиле во живо да ја погледне сопствената проба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)