| четврток, 6 декември 2018 |

Се срамам да му кажам на син ми дека бев дел од револуцијата на „Отпор“

vasko eftov

Балканот се наоѓа пред тотално рекомпонирање и треба да бидеме сведоци на еден Дејтон 2, односно договор кој треба да ги реши сите отворени балкански прашања на сметка на националните интереси на некои држави, смета Ефтов.

Ние имаме само една среќа – го преживеавме 5 октомври

Имајќи предвид дека ракописот е ист, сценариото не е ниту само српско ниту само македонско, мора да се посматра во регионален контекст, согласни се соговорниците Ефтов и уредникот на Информер Драган Вучиќевиќ.

buldozer otpor revolucija

Пред неколку месеци, непосредно пред заминувањето на српскиот премиер на официјална посета на НР Кина на насловната страница на Информер осамнува наслов „Вучиќ, не оди во Кина, ти се подготвува државен удар“. Вучиќевиќ објаснува дека во тој период во Србија е направен обид, однатре и однадвор, односно од самата влада и од опозицијата, да се спроведе преврат. Како директен виновник за тоа Шешељ ја посочува заменичката на Владата, една од најблиските соработнички на српскиот премиер Зорана Михајловиќ.  Ова е важно да се забележи, затоа што во поширок, вакви рекомпонирања, прелетувања од една на друга страна, смета Ефтов, ќе има и кај нас, особено сега во оваа констелација.

Како повод за организрање државен преврат е искористено незадоволството на полициски службеници на кои со реформите за штедење што го спроведе српската влада им беа намалени платите незначително, од 4 до 8 евра.

Дента кога Вучиќ заминуваше во Кина, пред седиштето на претседателот на Србија, пред канцеларијата на Томислав Николиќ, требаше да се одржат демонстрации, т.е. „мирен протест“ на вооружени полицајци. Замислете ситуација во која илјада полицајци со пиштоли стојат пред Претседателството и демострираат. Потребна е искра за да експлодира, анализира Вучиќевиќ.

dron

Иста таква провокација е и дронот кој беше пуштен на фудбалскиот натпревар Србија – Албанија, кога целиот државен врв, заедно со премиерот и министерот за внатрешни работи беа на стадионот. Тогаш требаше да да се направи инцидент и тој да се разлее на улиците, да се направи граѓаска војна.

Ние имаме само една среќа, што го преживеавме 5 октомври. И ние знаеме за таа измама. На тој 5 октомври и јас бев меѓу тие демоснстранти кои го палеа Собранието, и јас бев опозиција. Кога син ми, кој сега има 14 години, ќе ме праша дали сум бил таму, јас премолчувам, срам ми е да му кажам дека бев. А бев, зашто не го знаев она што го знам денеска – не знаев дека сум оружје во рацете на оние кои сакаа да доведат своја власт во Србија за да ограбат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top