Албанците кои протестираа вечерва, а предводени од Албин Курти, излегоа со исти барања како и лидерот на СДСМ Зоран Заев, барајќи Албанец да биде премиер на Македонија и истакнувајќи ја поддршката за Фатиме Фетаи и СЈО. Ова беше истакнато и од Ким Мехмети кој посочи дека Македонија ќе биде рамноправна држава во оној момент кога ќе има претседател, премиер или шеф на дипломатијата Албанец.
Имено Курти, кој е лидер на „Самоопределување“, пратеник од опозицијата во Косовскиот Парламент, екс-командант на терористичката УЧК, денес дојде на протестот во Скопје славејќи ги терористите од Диво Насеље кои беа убиени од при антитерористичката акција. Курти се смета за фактор на дестабилизација, беше уапсен и се наоѓаше во куќен притвор во Косово, а јавноста е познат по организирањето на протестите во Приштина. Дел од медиумите, пак, пишуваа дека кога во Парламентот во Косово беше фрлен солзавец, возило со скопски регитерски ознаки на Курти му помогнало да избега.
-Поддршка и за мирните протести на Албанците пред Владата и за Шарената револуција, која вечерва има исклучително важна „тема“ на протестот. Бидете толерантни за разликите. Тие се природни, тие се наше богатство. За нив ќе разговараме во мирна и спокојна атмосфера, кога ќе падне овој ненароден режим. Ќе разгoвараме и ќе најдеме најдобри решенија за заедничка и единствена Македонија, напиша Героски на социјалната мрежа Фејсбук.
При денешните протести, пак, од Протестирам повторно удрија по Порта Македонија сквернавејќи ја македонската историја. И додека по наредба никој не ги допира спомен обележјата на Скендер бег и Хасан Приштина, исто така по наредба се вандализира повторно Порта Македонија која не е било какво спомен обележје, туку сублимат на македонската историја на едно место: антички обележја на македонската култура, македонски дејци и борци, егзодусот на Егејците, заседанието на АСНОМ, 8-ми септември…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.