| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓани ги пречекаа првите странски туристи за годинава

фото: „Канал 5“

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ со специјален чартер-лет на тур-операторот „ТУИ Аркефлај“ денеска пристигна првата група туристи од земјите на Бенелукс, кои одморот ќе го минат организирано во Македонија, јави „Канал 5“.

 

Гостите на охридскиот аеродром традиционално, со лепче и сол, торта, пијалак и македонски фолклор, ги пречекаа холандската амбасадорка Мариет Схурман, градоначалниците на Охрид и на Струга, Никола Бакрачески и Зијадин Села, како и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Јордан Трајков.Добредојде на гостите им посака и охридскиот градоначалникот Бакрачески.

– Емоционално сме поврзани со туристите од Холандија, преку пријателството што датира со децении. Последните две години, благодарение на Амбасадата на Кралството на Холандија и агенциите, бројот на туристи од Холандија постојано расте – рече Бакрачески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top