Едно лице е потешко, а друго полесно повредено во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај тунелот по Дреновската клисура.
Информација ја потврди Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Кавадарци.
– Имавме повик и веднаш заминавме на местото. Сообраќајната несреќа е на границата на општините Кавадарци и Прилеп и затоа била повикана и брзата помош од Прилеп, чие медицинско возило повредените ги однело во прилепската болница, соопштија од кавадаречката служба за итна медицинска помош.
Според нивните сознанија, во несреќата учествувале голем и помал автобус, како и еден патнички автомобил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.