Како што информира полицијата, несреќата се случила на ул. „Илинденска” во близина на Шарената џамија во Тетово, вчера околу 14 часот. Во девојчето удрил автомобил марка „голф” што го управувал Б.К. (45) од Мала Речица, тетовско.
Повреденото дете било префрлено во тетовската болница од каде што било пренесено на клиника во Скопје. Девојчето се здобило со фрактура на потколеницата.
Екипа на СВР Тетово извршила увид на местото на инцидентот и работи на расветлување на причините за сообраќајката.
Оваа недела ова е втор ваков сличај. Во четвртокот во скопско Сарај автомобил удри во деветгодишно дете кое се здоби со тешки телесни повреди.крај
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.