| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена бензинската на „Макпетрол“ на патот Градско – Прилеп

makpetrol

Непознати лица синоќа во 19.45 часот ја ограбиле бензинската пумпа на магистралниот пат Градско – Прилеп кај мотелот „Дреново“.

Информацијата утрово ја потврди портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска.

– Три непознати маскирани лица со фантомки на главите влегле во бензинската станица. Едното во раката држело нож-сатар, а другото палка за бејзбол. Со вербални закани и со закани со орудијата кои ги носеле извршиле разбојништво над вработениот Б.П., роден 1954 година. Притоа одзеле 50.100 денари од дневниот промет, а потоа со патнички автомобил „цитроен берлинго“ побегнале од самото место – изјави Стојковска.

Увид на местото на настанот изврши екипа од полициска станица Кавадарци. Се преземаат мерки за наоѓање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top