| четврток, 6 декември 2018 |

Сите мислат дека е љубовна: Една од најпопуларните песни на сите времиња зборува за манијак (видео)

Ретки се оние што не ја слушнале песната „Every breath you take“ од групата Полис.

Луѓето со години емотивно реагираат на „љубовните“ стихови кои звучат како голема посвета на љубовта и верноста. Меѓутоа, песната е далеку од тоа. Стинг,, тогашниот пејач на бендот, објаснил дека песната зборува за човек кој опсесивно прогонува жена. Кога малку подобро ќе слушнете, тоа е прилично директно соопштено во стиховите:

-Секој твој здив, секое движење што ќе го направиш, јас ќе те посматрам, зар не гледаш дека ми припаѓаш мене, срцето ме боли со секој чекор што ќе го направиш – гласи дел од песната.

Сепак, факт е дека песната е ултракомерцијална, а музиката е заразна и не е чудно што луѓето згрешиле. Стинг, сепак, знае како добро се заработува од музиката.

sting

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top