| четврток, 6 декември 2018 |

Ревија на руски филмови во Прилеп за Денот на победата

По повод Денот на победата, на 9 и 10 мај во киното Мис Стон во Прилеп ќе биде прикажана ревија на руски филмови…

Ревијата ќе биде отворена во 19 часот со филмот „Белиот тигар“ во режија на Карен Шахназаров кој говори за Втората светска војна и како еден советски заповедник на тенк завршува во болница со амнезија и тешки рани. Единствено на што се сеќава е белиот тенк, од кој за малку загинува. Советите го крстат Белиот тигар затоа што се појавува од нигде никаде и сака да ги уништи непријателските тенкови.Веднаш по овој филм од 21.30 часот ќе биде прикажан „Нормандија Неман“ извонреден руско француски филм во режија на Жан Древил и Дамир Вјатич – Бержни.

На 10 мај, вторник љубителите на добриот филм ќе можат да го проследат филмот од два дела „Ние сме од иднината 1 и 2“.

Ревијата на руски филмови ЦК „Марко Цепенков“ ја реализира во соработка со Амбасадата на Руската федерација во Македонија и Кинотека на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top