Пред да почне демонстрацијата на моќта на руската војска на Црвениот плоштад во Москва на 9 Мај, Денот на победата над фашизмот, небото над руската престолнина мора да биде чисто.
Десет авиони ги растеруваат облаците над Москва во ноќта пред одржување на Воената парада, изјави директорот на Агенцијата за атмосферска технологија Виктор Корнејев.
– Ќе бидат употребени 10 авиони: еден авион метеолабораторија „јак-42“ „росхидромент“ и девет авиони на воздушните сили АН-12 и АН-26 – изјави тој.
За растерување на облаците се користат пиропатрони со прашкаст реагенс сребројодид, течен азот и јаглероден диоксис во гранули.
Чистењето на небото почнува ноќта меѓу 8 и 9 мај и трае во текот на утрото за во 10 часот, кога почнува парадата, небото над Москва да биде без облаци и, што е најважно, без дожд.
Флота на руски авиони е подготовена еден ден порано да летне од воздухоловната база северно од Москва и да ги распраши хемиските средства, кои ќе ги „растераат“ облаците, односно ќе го „натера“ дождот да падне на некое друго место, надвор од Москва.
Во Москва ќе грее сонце, но затоа во селата што се во околина на Москва ќе врне.
Русија троши околу шест милиони евра за прскање на облаците во околината на Москва за да обезбеди сончево време за Денот на победата.
Воени паради се одржуват во 28 градови во Русија, но таа во Москва е најграндизона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.