| четврток, 6 декември 2018 |

Дестабилизација на државата и нов Рамковен договор

divo naseljeДенес навршува точно една година од крвавиот терористички настан во Куманово, кога група од 40-тина вооружени терористи извршија терористички напад врз државата, во обид да ја разнишаат и да го разурнат од темел уставниот поредок на Република Македонија.

Терористите во државата почнале да влегуваат околу 7 мај минатата година, откако претходно, во првите два-три дена од месецот се договориле за закуп на четири куќи во населбата кои се наоѓаат во еден двор, каде во текот на полициската акција биле утврдени терористите.

uapseni-teroristiПриведените терористи во полициска станица изјавиле дека оружјето го внесувале преку илегални премини со возила, ранци и торби. Терористите поделени во групи, според  дел од приведените, имале задачи да вршат напади на разни објекти: приватни, јавни и полициски станици.

Според исказите на приведените една од целите бил и Камениот мост во Скопје, Скопскиот маратон, болници и големи настани низ државата на кои се собираат многу луѓе, а се со цел при еден напад да има што е можно повеќе жртви. Организираните терористички нападите требале да започнат од средината на мај минатата година. Сето тоа би резултирало со нивната крајна цел, преуредување на државата со минимум федерализација, преку нов Рамковен договор, на штета на Mакедонците, пишува Денешен.мк.

Kumanovo-razruseni-kukjiВаквото црно сценарио во кое државата требало да се клекне на колена, не им успеа на терористите, поради професионалноста и храброста на македонските безбедносни сили, кои на максимално на најпрофесионален начин, под водство на своите претпоставени, тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, директорите на БЈБ и УБК, Митко Чавков и Сашо Мијалков застанаа цврсто и со, најголема одговорност и родољубивост ја уништија опасноста, која требало да ја запали целата држава.

Акцијата започнала рано утрината во 04:30 часот во саботата на 9 мај и траеше речиси непрекинато 28 часа, сè до 10:00 часот во неделата на 10 мај. При акцијата на полицијата за голема жал живот на олтарот на татковината положија осум храбри синови на Македонија. Нивните имиња се:

Жарко Кузмановски (р. 1981), од с. Брвеница, Тетово

Ненад Серафимовски (р. 1987), од с. Зубовце, Гостивар

Сашо Самојловски (р. 1982), од с. Брвеница, Тетово

Бобан Ивановиќ (р. 1968), од с. Стајковци, Скопје

Горан Илијевски (р. 1974), од Гостивар

Исамедин Османи (р. 1983), од с. Студеничани, Скопје

Љубиша Аранѓеловиќ (р. 1966), од Скопје

Горан Стојменовиќ (р. 1970), од Миладиновци, Скопје

Слава им.

heroiТие ќе останат вечно врежани во македонската колективна меморија, нивните имиња ќе не потсетуваат како се брани татковината од секаква опасност. Почит кон нив, нивното дело и нивните семејства.

При полициските испитувања кои следеле се утврдило дека голем дел од приведените терористи се лица припадници и поранешни команданти на ОВК, лица кои учествувале во активности против територијалниот интегритет на Република Македонија, биле вклучени во паравоени структури кои се залагаат за Голема Албанија, а биле дел и од нападот на караулата во Гошинце. Ндрецај и Бегу, со Мухамед Kрасниќи, алијас Kомандант Малишева, Сами Укшини, алијас Kомандант Соколим и Дем Шаху, алијас Kомандант Јунику, биле лидери на терористичката група.

silegov kamaiКога се зборува за Диво Насеље не треба и да се заборави срамниот однос на некој од опозициските портали и опозициски функционери, главно од СДСМ кои беа во константен напад кон припадниците на безбедносните сили. Додека тие ја бранеа нашата татковина Портпаролот на СДСМ, Петре Шилогов на својот фејсбук профил пишуваше :

Како мал не му давале да си игра #камај, па сега мора тоа да го иживее. Не знам дали му кажале, дека во #камај имаше и еден термин кога ќе те фатат. Тогаш на фатениот му се викаше #жив.

zaev dva prstaНавредливиот однос кон Полицијата и кон државата не е само одлика на Шилегов. Веднаш по крвавиот настан во Куманово неговиот шеф и генерален секретар, Зоран Заев и Оливер Спасовски отидоа и се сликаа на местото каде животот во наша одбрана го положија храбрите синови на Македонија, припадници на безбедносните сили, а многумина беа ранети.

Македонија не заборава!

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top