Со операта „Евгениј Онегин“ вечерва на сцената на Македонската опера и балет ќе почне 44. издание на Мајски оперски вечери.
-Да, за првпат МОВ има различен концепт, и повторно ќе кажам дека и овој концепт е направен во соработка со тие за кои ние во заднина со месеци работиме, а тоа е публиката. За нас, во ова турбулентно време, голем тест со нашата публика беше премиерата на балетот „Црвената соба“. Но, за среќа, тестот покажа дека сме во право. Тоа што секојдневно работевме од утро до мрак, се исплатеше. Публиката самоволно покажа дека и во ова време, приоритет му дава на квалитетот на животот, таа сака да посетува културни настани, сака да биде дел од нашите премиери, од нашите концерти. Задоволство ми е да кажам дека билетите за МОВ се пуштени во продажба уште пред двесетина дена и веќе се продадени половина од претставите. Дозволете во оваа пригода да ви се заблагодарам и на вас како наш медиумски покровител и заедно со публиката да ве поканам на годинашните Мајски оперски вечери од 9 до 31 мај да уживаме заедно во уникатноста на „Чувството во живо“ – вели Горан Цветковиќ од МОБ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.