И на завршниот турнир од Лигата на шампионите што викендов се одржа во Будимпешта, голманката на ЖРК Вардар, Амандин Лејно најде свое место меѓу најдобрите.
Французинката која е беше една од најдобрите поединки во Вардар оваа сезона во Лигата на шампионите повторно покажа дека Вардар може да се надева уште една успешна сезона следната година.
Иако немаше свој ден во најважниот натпревар оваа сезона, Лејно го обели образот во мечот за третото место и со 14 одбрани беше главниот мотор на тимот во победата над Будуќност.
една од нејзините интервенции е меѓу најатрактивните на турнирот во Будимпешта. Станува збор за одбраната при еден контранапад на Цвијиќ кога Лејно во свој стил спречи да се затресе нејзината мрежа и таа интервенции е прогласена за втора најдобра на Ф4. На првото место е нејзината идна колешка Мајса Песоа која му донесе титула на Букурешт со своите интервенции.
Најинтересно е тоа што меѓу една од трите ѕвезди на завршниот турнир е избран тренерот на новиот европски првак Ким Расмусен.
Во листата на Топ-5 најдобри одбрани на врвот е новата вардарка, голманката на актуелниот шампион ЧСМ Букурешт, Мајса Песоа. Најдобрите пет одбрани може да ги видите ТУКА.
Листата на најдобри пет голови ја предводи Аурелија Брадеану ЧСМ Букурешт пред Мајда Мехмедовиќ Будуќност пред Хајди Локе од Ѓер и Корнелија Грот истотака од европскиот вицешампион. Најдобрите пет голови може да ги видите на следниот ЛИНК.
Најинтересно е тоа во категоријата „три ѕвезди“ на завршниот турнир е избран тренерот на новиот европски првак Ким Расмусен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.