Владо Бучковски, експремиерот и екслидер и член на опозиционата СДСМ не очекува партискиот Конгрес да донесе демократизација на СДСМ и во СДСМ. Тој за новот број на неделникот „Република“, кој од денес е во продажба вели:
– За демократизација, според мое мислење, беше неопходно да се распишат непосредни избори на сите нивоа на партијата, да се врати СДСМ на членството. Сега, де факто, делегатите што ги именува Црвенковски во 2011 година треба да решаваат за новиот претседател. Тоа нема смисла, за мене е неприфатливо опстојувањето на делегатскиот систем воопшто, а не, пак, на вакви делегати…СДСМ, според заложбите на Заев и на Шеќеринска, би требало да го промени Статутот само во делот на изборот на претседател и на негов заменик, да ги избира Конгресот и едниот и другиот…Ако веќе се за промени на Статутот, не гледам зошто и тие бегаат од непосредни избори?! Мислам дека полесно ќе ја добијат поддршката од членството, отколку од делегатите на Бранко!
Виктор Цветановски, кој исто така беше исклучен од партијата, вели дека од новото раководство, сигурно, очекува да влезе во процес на обединување:
Новото раководство од актуелното раководство добива во наследство голем товар и лоши почетни позиции во тој процес – вели Виктор Цветковски за „Република“.
Целиот текст можете да го прочитате во најновиот број на „Република“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.