Рома славеше над Киево со 3-0, но дуелот мина во знакот на Франческо Тоти, кому ова му беше јубилеен 600. натпревар во Серија А во дресот на „волчицата“. „Десетката“ на Рома влезе во игра во второто полувреме и беше бурно поздравен од тифозите, кои се свесни дека ова најверојатно беше и последниот домашен натпревар на Тоти на „Олимпико“, со оглед на најавите дека легендарниот фудбалер речиси сигурно ќе го напушти клубот каде го мина досегашниот дел од кариерата.
Навивачите уште еднаш му се поклонија на „принцот на Рим“, со бројни транспаренти искажувајќи ја својата љубов кон него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.