| четврток, 6 декември 2018 |

Модриќ прво го пцуеше Скомина, па после се извини на цела Словенија (видео)

Лука Модриќ ги загуби нервите во самиот финиш од натпреварот против Манчестер сити, протестирајќи против една одлука на словенечкиот судија Дамик Скомина, кому му „подари“ сочна пцовка во која ја посочи и земјата од која овој арбитар доаѓа. Ваквата реакција на вообичаено мирниот плејмејкер предизвика бура реакции во Словенија, па Модриќ во текот на вчерашниот ден упати и официјално извинување не само до Скомина, туку и до целиот словенечки народ што се почувствувал навреден од неговата пцовка.

– Во моментот кога го видов видеото, увидов што сум рекол. Се чувствувам засрамен бидејќи тоа дефинитивно е е мој стил. Му се извинувам на Скомина и на сите, пред се во Словенија, кои се чувствуваат навредени од она што го кажав. Бев еуфоричен во тој момент, но знам дека тоа не е оправдување, мојата реакција е неприфатлива и никако не смеам да си дозволам такво нешто – истакна Модриќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top