| четврток, 6 декември 2018 |

Портланд покажува заби, Торонто ја врати предноста на домашен терен (видео)

lilard

Екипата на Портланд го искористи првиот меч на домашен терен и да му го нанесе првиот пораз на актуелнниот шампион Голден Стејт во полуфиналната серија на западната конференција. Ноќеска тие славеа со 120-108 за намалувуње на серијата на 1-2 во победи.

Фенонемален натпревар одигра првата ѕвезда на Портланд, Демијан Лилард кој постигна една третина од поените за својот тим и реализираше 10 асистенции. Лилард имаше фантастичен шут за тројка погодувајќи осум тројки од 13 обиди.

Како клучна за победата се покажа тората четвртина што Портланд ја доби со 36-18, по што домашниот состав за разлика од претходниот меч во Голден стејт, овојпат знаеше како да ја задржи позитивата до самиот крај. Лилард беше човекот на одлука откако овој кошаркар постигна дури 40 поени, надополнети со 10 асистенции.

Кај Голден стејт главна фигура беше Дрејмонд Грин со 37 поени, 9 скока и 8 асистенции, Томпсон постигна 35 поени, но затоа потфрлија сите останати бидејќи двоцифрен ефект имаше само уште Барбоса со 10 поени. Останува да се види дали на следниот натпревар во Портланд во таборот на „воините“ ќе се појави и Стеф Кари, кој влегол во последната фаза од рехабилитацијата и наскоро би можеле повторно да го видиме во дресот на Голден стејт.

Во вториот натпревар од синоќешната програма, Торонто славеше на гостувањето кај Мајами со 95-91 и освен што поведе со 2-1, го врати брејкот што противникот го направи уште на стартот на серијата. Дуелот имаше чуден тек, во раната фаза од него, двете екипи останаа без своите центри Хасан Вајтсајд и Јона Валанчиунас кои се повредија, а двајцата претходно имаа одличен ефект. Прегледите покажаа дека Литванецот поминал малку подобро бидејќи за Вајтсајд најверојатно оваа сезона е завршена и заедно со тешката повреда на Крис Бош, тоа е огромен хендикеп за Мајами.

Двејн Вејд постигна 29 поени во второто полувреме, вкупно 39, но и тоа беше недоволно за да се запрат „рептилите“, кои одиграа одличен меч пред предводени од Лаури и неговите 33 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top