Јелена и Зоран ретко оделе во посета кај нејзината мајка. Јелена понекогаш ја гледавме, но Зоран никогаш, пренесува српски „Блиц“ изјави од соседите
Сопругот Зоран почнал да ја посетува мајката и на Јелена дури по нејзината смрт, но со времето и тоа станало ретко.
Соседите велат дека таткото на Јелена се противел на тој брак.
-Таткото на Јелена не бил за тоа таа да се омажи за Зоран бидејќи, како велел, добро го познавал. Но, Јелена многу се заљубила па заминала против волјата на татко и. Еден период воопшто не комуницирале а ниту Јелена не одела дома кај родителите.
Според соседите на Зорица Крсмановиќ, мајката на Јелена неколку пати одела во полиција да даде исказ.
-Зорица е болна, постојано раскажува за Јелена и за нивниот последен разговор. Вели дека кога полицијата ќе го најде убиецот, и кога ќе се знае кој е монструмот кои и го убил детето, ќе прозбори и ќе каже многу што не се знае, а што сите ќе ги заинтересира.
Јелена, пејачка од Србија, беше пронајдена убиена пред 36 дена во насипот во населбата Црвенка во Борча. Телото беше најдено во каналот, недалеку од местото каде последен пат била видена од сопругот Зоран Марјановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија