Екипата на Вардар е нодигра далеку под своите можности во полуфиналето на фајналфор турнирот во Будимпешта и сосема заслужено загуби од ЧСМ Букурешт со 21-27.
Најслабиот натпревар на избраничките на Индира Кастратовиќ во мечот кој најмногу значеше. „Црвено-црните“ не успеаја да ја поминат психолошката бариера во Лигата на шампионите бидејќи квалитетот несомнено не изостанува.
ЧСМ Букурешт на чело со тренерот Ким Расмунсен кој одлично ја прочита играта на неговите поранешни ракометарки од минатата сезона.
Слабата реализација и играта скоро без одбрана уште од самиот почеток на мечот се чини како клучна бидејќи по почетното водство и нереализираните пенали, Романките со серија од неколку гола дојде до огромна предност од шест гола која се покажа како клучна за победникот од мечот. Вардар не успеа да парира и во овој период од првото полувреме не постигна гол цели 13 минути.
До крајот на полувремето Вардар успеа да ја намали разлика на пет голови и влеа надеж кај сите симпатизери дека може да се повтори преопзнатливата игра со која ги мелеше противниците во текот на оваа сезона.
Сепак во второто полувреме неколкуте одбрани на Амандин лејно не вродија со плод бидејќи разликата не само што не се намали туку избраничките на Расмунсен ја зголемија на 18-10, а во еден момент има и двоцифрена предност од 22-11.
Клучен играч на Букурешт беше голманката Јелена Грубишиќ која успеа да фати дури 19 топки. Во нападот најефикасна беше Родригес со пет гола, а по неа Гулден, Јоргенсен и Манеа со по четири.
Лекиќ заврши со шест гола, Дембеле со четири, но многу поистакнати се оние 17 технички грешки и три неискористени пенали.
Утре Вардар против Будуќност ќе го игра мечот за третото место, а во финалето се среќаваат Ѓер и ЧСМ Букурешт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.