| четврток, 6 декември 2018 |

ГРОМ со иницијатива за спомен обележје за загинатите полицајци во „Диво насеље“

grom kumanooОпштинската организација на ГРОМ од Куманово најави дека ќе поднесе иницијатива до Советот на општината за поставување спомен обележје во чест на осумте припадници на МВР кои загинаа на 9  мај минатата година во „Диво насеље“ Куманово.

Иницијативата ќе ја поднесе советникот од оваа партија во Советот, бидејќи, објасни Марта Цветковска, портпарол на ГРОМ Куманово, ова е единствен орган кој може да донесе одлука по однос на иницјативата.

Од ГРОМ потестија дека претседателот на државата постхумно ги одликуваше осумината припадници на МВР кои загинаа на 9 мај при антитерористичката акција во кумановско „Диво Насеље“.

– Ова спомен обележје ќе ја симболизира желбата на сите нас за мир, слобода и соживот, на сите граѓани кои живеат во Република Македонија. Ќе придонесе да им се поклониме на 8-те херои и да искажеме сочувство и почит кон нивните семејства. Но, ова спомен обележје ќе претставува симбол на гордоста и одлучноста во битката за нашата земја и државата, изјави Цветковска.

Од ГРОМ нагласија дека спомен обележјето ќе ги потсетува идните поколенија на храброста на нашиот народ, но и ќе порачува дека на иста пречка ќе наиде секој кој ќе се осмели да ја загрози безбедноста, територијата, интегритетот и суверенитетот на Република Макеоднија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top