Изгубениот раст поради кризата ќе ја чини Македонија над 170 милиони евра. Сумата е пресметка на разликата од растот кој би се остварил во услови на криза и тој што македонската економија може да го испорача ако немаше криза по податоците што ги објави Народната банка.
Во сценариото што сега е поостварливо централната банка предвидува раст на домашниот бруто-производ (БДП) од 1,7 процент, а во услови ако ситуацијата се смири, тој раст ќе биде 3,5 отсто. 1,9 отсто колку што е разликата меѓу двете сценарија е 170 милиони евра од македонскиот БДП, кои лани биле 9 милијарди во апсолутни бројки.
Аналитичарите деновиве велат дека проекциите на Народната банка треба да се примаат како очекувани и немаат дилема дека кризата мора брзо да заврши затоа што штетата врз домашната економија ќе биде значителна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.