Енди Мареј е првиот финалист на турнирот од Мастерс серијата во Мадрид, откако во полуфиналната пресметка во два сета славеше против шпанскиот тенисер Рафаел Надал.
Мареј, посериозни проблеми имаше само во првиот сет кој го доби со 7-5, а во вториот сет нешто полесно стигна до неопходните 6-4.
Во второто полуфинале во Мадрид, од 20 часот, ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Јапонецот Кеи Нишикори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.