Екипата на Хувентуд го освои третото место во Шпанија, зад Барселона и Реал Мадрид, во конкуренција за кошаркари до 18 години, и тоа најмногу благодарение на Нено Димитријевиќ. Младинскиот македонски репрезентативец играше одлично во текот на целиот турнир, а блесна во вистинско светло токму на денешното „мало финале“, во кое Хувентуд славеше над Гран Канарија со убедлив резултат 86-70.
Димитријевиќ беше предводник на својата екипа на овој натпревар, реализирајќи дури 23 поени, надополнети со шест асистенции до соиграчите.
Со тоа, младиот Македонец колку-толку ги залечи раните од полуфиналниот пораз од Реал Мадрид, во кој Хувентуд загуби со минимални 63-64, натпревар на кој Димитријевиќ за 26 минути реализираше 16 поени, надополнети со шест асистенции, но поради пет лични грешки не можеше да им помогне на соиграчите во самата завршница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.