| четврток, 6 декември 2018 |

Дамњановиќ: Нијанси ќе го одлучуваат патникот во финалето

ZRK Vardar Larvik (30) (Custom)

Денеска со почеток од 17.45 часот во арената „Ласло Пап“ во Будимпешта македонскиот шампион ЖРК Вардар ќе се обиде да се искачи скалило погоре и за првпат да се пласира во финалето на Лигата на шампионите. Во претходните две полуфиналиња избраничките на Индира Кастратовиќ беа стопирани во полуфиналната фаза на двапати од Будуќност.

Денешниот противник е ЧСМ Букурешт кој на клупата го има Ким Расмунсен кој имаше кратка одисеја во сосавот на „црвено-црните“ минатата сезона.

Оваа сезона овие два тима се сретнаа во групната фаза во која на двапати подобри беа нашите ракометарки. Сепак овој натпревар е нешто друго и нема шанси за поправен испит. Се се сведува на 60 минути и за победникот ќе ревашаат нијанси. Сите од таборот на Вардар се добро подготовени и најавуваат дека токму оваа сезона е голема шанса да се стигне до финалето, па зошто да не и да се освои Лигата на шампионите.

Средниот бек Сања Дамњановиќ е претпазлива и го пренесува ставот на соиграчките дека ЧСМ Букурешт воопшто не е наивна екипа бидејќи веќе направија големо изненадување елиминирајќи го составот на Ростов Дон во четврфиналето. На вакви натпревари решаваат детали, кој ќе има подобар ден, концентрација, ќе направи помалку грешки.

vardar-buducnost-5

– Мислам дека Букурешт навистина ја крена својата форма и игра подобро од натпревар во натпревар, но исто можам да кажам дека и ние сме подобри со секој нов меч, тоа се виде пролетва, така што и тоа не им е некоја предност на Букурешт. Можам да кажам дека шансите се 50-50, дека нијанси ќе решаваат и токму затоа е интересен овој фајналфор, кој ќе има подобар ден тој ќе оди во финале – изјави Дамњановиќ.

На ждрепката екипата на ЧСМ Букурешт беше најпоскауван ривал за сите, поради фактот што се дебитанти. Но, колку е тоа предност толку може и да биде одмогнување, зашто Романките нема што да загубат и ќе имаат помал притисок врз себе.

– Секој противник го почитувам, ќе беше тешко да ги добиеме Ѓер или Будуќност, тешко е и сега. Сигурно и од Букурешт можат да речат дека се среќни што го добија Вардар. Ѓер и Будуќност се некој стандард во ракометот, ги знаат овие натпревари и знаат како да се однесуваат. Затоа колку ќе ни биде лесно нам толку и ќе им биде и ним – додаде Србинката во составот на Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top