Швеѓанецот Јонас Ериксон ќе ја има честа, но и големата обврска, да биде главен судија на големото финале од Лигата на шампионите на 28 мај на „Сан Сиро“ во Милано, каде силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. Овој 42-годишен арбитар лани беше четврти судија на финалето во Берлин меѓу Барселона и Јувентус, а добрите партии сезонава придонесоа токму тој да биде изборот за главен делител на правдата на овогодинешниот меч за троејот.
Швеѓанецот важи за економски „најнезависен“ судија со оглед на фактот дека има заработено милионски суми преку својот приватен бизнис. Тој во 2005 година ја купил компанијата “IEC”, задолжена за препродавање на ТВ-правата од спортски настани, за три години подоцна да ја продаде истата за 10 милиони евра.
Во својата кариера тој му има три пати судено на Реал Мадрид, при што „кралевите“ имаат две победи и реми. Притоа, нерешениот резултат е оној ланскиот од реванш-полуфиналето против Јувентус, што означи и елиминација на најтрофејниот европски клуб од Лигата на шампионите.
Шведскиот судија два пати ја делел правдата на дуелите на Атлетико, при што „јорганџиите“ имаат една победа (над Бешикташ со 3-1 во 2011 година) и едно реми (со Челси во полуфиналето во 2014 година).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Официјално: Атлетико Мадрид ги продаде Карраско и Гаитан во Кина
-
Аргентинецот Нико Гаитан заминува од Атлетико Мадрид
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)