Фудбалот вечерва е во втор план во Романија. Навивачите ширум земјата се молат за животот на фудбалерот на Динамо Букурешт, Камерунецот Патрик Екенг кој се сруши на тревата за време на мечот со Виторул.
Трагичниот настан се случи во 70-та минута, кога Екенг падна на тревникот, во моментите кога во негова близина немаше никој. Судијата веднаш го прекина натпревар, а до него први дојдоа играчи од двете екипи за да спречат негово загушување.
Веднаш потоа дојде и возило за брза помош, Екенг беше префрлен во болница, а според неофицијални информации на романските медиуми, неговата здравствена состојба е критична и станува збор за прекин во работата на неговото срце.
Играчите на двата тима, по крајот на натпреварот, останаа на терен како би сочекале подетални информации за 26.годишниот Екенг, кој претходно во кариерата настапувал и за француски Ле Ман, како и за Лозана и Кордоба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.