| четврток, 6 декември 2018 |

Како правилно да го исчистите мобилниот од нечистотии и бактерии

Уредот кој често го држиме залепен за лицето недалеку од устата и кој буквално не го испуштаме од раце има многу повеќе бактерии отколку што можеме да пронајдеме на тоалетната шоља.

Просечниот мобилен телефон е 10 пати повалкан од кваката во јавен тоалет (се вели во истражувањето направено на Универзитетот Stanford), а тестовите откриле дека на него често се присутни бактериите escherichie colli (ешерихија коли) и streptokok (стрептококата).

Важно е да го дезинфицираме телефонот колку што е можно почесто. Тоа особено важи кога се допишуваме и истовремено јадеме.
Но прашањето е како да го дизинфицираме без да го оштетиме?

Направете блага мешавина од вода и многу малку изопропил алкохол кој ќе ги убие бактериите и нанесете од мешавината на нежна ткаенина со која внимателно ќе го избришете целиот уред.

Важно е добро да ја исцедите ткаенината, така што таа ќе биде малку влажна но никако не треба да останат капки по телефонот бидејќи така ќе се оштети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top