Во своите четири книжарница во Скопје, кои се наоѓаат во Центар, кај Универзална сала и воТафталиџе, Издавачката куќа Феникс од 10 мај до 10 јуни организира Мајски саем на книгата.
Целта е да им се овозможи на граѓаните полесно и побрзо да дојдат до евтина а полезна книга, пазатоа и попустите се максимални, односно се движат од 50-80 проценти.
Сите изданија на Феникс ќе се нудат со најголеми попусти и ќе се продаваат со досега најнискипродажни цени, а ќе бидат изложени над 20.000 примероци од сите изданија наменети за ситегенерации.
Понудата се состои од боенки, сликовници, лектири за основно и средно образование,енциклопедии, речници и разговоирници, прирачници, хитови, бестселери и други популарни инеопходни изданија.
Меѓу другите, тука се делата од Херта Милер, Барак Обама, Џин Сасон, Лујза Хеј, Барбара де Анџелис,Ог Мандино, Момо Капор, Радован Павловски, Луан Старова, Петре М. Андреевски, ЉубеЦветановски, Јордан Плевнеш, Христо Петрески, Трајче Кацаров и многу други македонски истрански автори.
Сите посетители на Мајскиот саем на книгата бесплатно ќе бидат зачленети во Клубот на книгатаФеникс и ќе добиваат попусти во текот на целата година, а за купувачите следуваат подароци вокниги, прибор, училишни и канцелариски материјали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.