| четврток, 6 декември 2018 |

„30 години читаме со задоволство“ е мотото на годинешниот јубилеен Саем на книгата

„30 години читаме со задоволство”, е мотото на овогодинешниот, јубилеен Саем на книгата, а во кампањата учество ќе земат книжевни ѕвезди на македонските издавачки куќи. Саемот го организира Скопски саем, под покровителство на Министерството за култура на РМ и ќе се одржи од 3. до 9. мај, во ВИП Арена Борис Трајковски.

Меѓународниот Саем на книгата обезбедува широка програма на изложување, вклучувајќи дела од: домашни и странски автори; современи и класични литературни дела; стручна, научна и белетристичка литература; енциклопедии; дела од областа на културата и уметноста; книги за млади и деца; учебници и училишни прирачници и галантерија; современа опрема и прибор за училишта, факултети, просветни и истражувачки институти.

На саемот учество ќе земат сите значајни издавачки куќи од замјата, но има и изложувачи кои пристигнуваат од регионот.

По повод јубилејното издание на Саемот за книгата, влезот за сите групни посети на ученици ќе биде бесплатен. Работното време на саемот е од 10:00 до 20:00.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top