| четврток, 6 декември 2018 |

О`Конел: Обединувањето на Косово и Албанија звучи како закана

Британскиот амбасадор во Приштина Руаири О`Конел изјави дека звучи како закана обединувањето на Косово и Албанија, за што изрази желба лидерот на опозициското движење „Самоопределување“ Албин Курти, јави РТК.

– да бидам искрен, кога ќе слушнам дека стабилност на Балканот може да има само ако Косово и Албанија се обединат, ми звучи како закана, изјави О`Конел, одговарајќи на прашање на Фејсбук.

Тој додаде дека меѓународната заедница ја призна независноста на Косово врз основа на планот на Марти Ахтисари, кој исклучува приклучување кон Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top