Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оствари средба со пратеничката од Европскиот парламент Маријана Петир, која е и претседател на неформалната група на пријатели на Република Македонија во Европскиот pарламент.
Соговорниците разговарале за стратешките цели на државата, евроатланските интеграции, и за актуелните случувања врзани со политичката криза во Република Македонија.
Стратешки интерес на Република Македонија е членството во Европската унија и НATO алијансата и континуирано се преземаат чекори поврзани со реформската агенда во насока на исполнување на критериумите, истакна Груевски и се заблагодари за ангажманот и посветеноста на неформалната група на пријатели на Република Македонија која дејствува во Европскиот парламент, а чиј претседател е токму Петир.
Во однос на политичката криза Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е силно насочена кон изнаоѓање на решенија и начин за излез од оваа состојба. Тој посочи дека најсилен интерес на граѓаните е криза што ја наметна СДСМ да биде што побрзо надмината и да се врати државата на патеките на економскиот развој и прогрес.
Треба да се почитува волјата на граѓаните како најсилен критериум и оценка на работата на политичките субјекти во државата, истакна Груевски на средбата.
Европратеничката Петир посочила дека е потребно придржување до договорот од Пржино и преземените обврски од него, притоа истакнувајќи дека изборите се начинот за излез од политичката криза. Таа акцентирала дека потребно е да се почитува волјата на граѓаните и на легитимен начин таа да се изрази на избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)