| четврток, 6 декември 2018 |

Јованка Радичевиќ во идеалниот состав на Лигата на шампионите

liga na sampioni

Десното крило на Вардар, Јованка Радичевиќ е дел од ол-стар тимот во Лигата на шампионите кој традиционално се објавува пред стартот на Ф4 турнирот во Будимпешта. Во тимот на сезоната во женската Лига на шампионите најбројни, дури пет се ракометарки на Ѓер, а и титулата најдобар тренер во ЛШ му припадна на Шпанецот на клупата на унгарскиот шампион, Мартин Амброс.

За идеалниот состав оваа година гласаа 28.130 посетители на официјалниот сајт на ЕХФ, дури 6.000 повеќе од минатата сезона што докажува женскиот ракомет се повеќе е популарен во Европа.

Ол-стар тим во ЛШ:

Голман: Кари Алвик Гримсбо (Ѓер)

Лево крило: Анико Ковачич (Ѓер)

Лев бек: Кристина Неагу (Будуќност)

Среден бек: Нике Грот (Ѓер)

Десен бек: Нора Мерк (Ларвик)

Десно крило: Јованка Радичевиќ (ЖРК Вардар)

Пикер: Хајди Локе (Ѓер)

Надобар одбранбен играч: Едуарда Аморим (Ѓер)

Најдобар млад играч: Лука Шекереш (ФТЦ)

Тренер: Мартин Амброс (Ѓер)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top