Граѓаните се на нозе, граѓаните бараат избори. Избори со кои ќе се стави крај на кризата. Избори кои мора да се случат! Избори на кои Македонија ќе победи, пишува на Фејсбук страната на ГДОМ.
-Граѓаните се против попречувањето на врвното демократско право на секој човек, правото на глас. Глас со кој самиот одлучува за својата иднина, глас кој е неприкосновен и кој никој нема право да го цензурира, да го блокира. Никој нема сила да го спречи гласот на народот. Никој не смее да си игра со иднината на оваа земја, блокирајќи ги изборите за да продолжи агонијата и деструктивните сценарија. Стоп за кризата, стоп за деструкцијата. Да за одење на избори и крај на оваа состојба која го умори народот, ја успори економијата и ја прави неизвесна иднината на Македонија. Големите народни собири во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) низ цела Македонија продолжуваат, се вели во Фејсбук статусот.ж
Собирите започнуваат во 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ГДОМ Струмица: Господинот „чесен“ што нуди „живот“, Заев, да одговори на неколку прашања (видео)
-
ГРОМ: Заев да им се извини на македонските граѓани за дрските лаги дека во Македонија има 500.000 фантоми (видео)
-
Јовановски: Секој вистински Македонец треба со љубов да ја брани татковината
-
ГДОМ: Не може да се тргува со националните интереси поради личен интерес