Торонто славеше со 96-92 против Мајами и израмни на 1-1 во меѓусебната полуфинална плејоф серија во Источната конференција.
Екипата на Торонто, по доживеаниот претходен брејк, со доста мака успеа да го добие вториот дуел (96-92) и да задржи какви-такви шанси пред продолжението на серијата на Флорида.
Репторс во текот на првото полувреме имаа и двоцифрена предност, но во второто следеше голем пад, Мајами возврати и беше поблиску до победата. Сепак, во продолжението потклекна.
Демар Керол постигна 21 поен во тимот на Торонто. ДеРозан со 20 поени имаше и осум скока, а се поправи Кајли Ловри, кој постигна 18 поени и шест скока, додека Јонас Валанчиунас имаше ефект од 15 поени и 12 скока. Горан Драгиќ беше прво име на Мајами со 20 поени и четири асистенции, додека Џонсон и Вејд постигнаа по 17 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)