| четврток, 6 декември 2018 |

Илија Ѓорѓевиќ се врати на село: Заминав од градот за да живеам спокоен живот поблиску до природата

 

Деновиве претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, го претставен проектот кој нуди многу бенефиции за оние кои сакаат да се преселат од град во село. На оваа тема ТВ Нова разговараше со Илија Ѓорѓевиќ, кој е одличен пример за ваквата миграција.

Да се преселам на село ме натера мојата заљубеност во природата и желбата да научам нови работи. Се одлучив да го напуштам градот и да започнам многу поспокоен и поздрав живот, вели тој.

cicko-ilija-selo

Ѓорѓевиќ е презадоволен од својата одлука и вели дека е среќен што успеал да го избегне брзото темпо на секојдневниот живот во градот.

Имам 60 кози, 27 јариња, стотина кокошки, десетина кучиња. Презадоволен сум од животот на село. Радосен што можам да ја имам привилегијата да живеам без да имам потреба да одам секој ден на работа во град. Го избегнувам градскиот метеж.

На прашање што мисли за новиот проект кој поттикнува бенефиции од преселба од град во село, тој изразува поддршка.

Ако се остварат целите на тој проект, ќе биде многу добро за оние што ќе решат да завртат нов лист, да го напуштат градот, особено ако се љубители на природата. Нашите пртходници живееле од сточарство и обработка на земја, тоа е во нашите гени. Секој кој сака да се пресели, дури и ако нема стретства, треба да аплицира и да се обиде да живее на овој начин. Јас верувам дека кој било може да се навикне на ваков живот. Да се прескокнат бариерите, па одењето на викенди на Водно или надвор од Скопје да се замени со постојано живеење надвор градот, додаде  Ѓорѓевиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top