| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварец ранет во пукање на скопската обиколница

obikolnica
Рани во двете нозе добил гостиварец откако вчера на обиколницата Скопје – Тетово бил пресретнат од две маскирани лица.
Според Министерството за внатрешни работи, вчера околу 16.15 часот на обиколницата Скопје – Тетово во близина на надвозникот за граничниот премин Блаце, 43-годишниот М.И. од гостиварското село Форино додека се возел со својот автомобил „мерцедес“ биле пресретнат од друг автомобил. Од автомобилот излегле две маскирани лица, вооружени со пиштоли. Пришле од совозачката страна и почнале да пукаат кон М.И. во пределот на нозете. Тој добил повреди, но успеал да избега. И насилниците се дале во бегство.
На повредениот му е укажана помош во Ургентниот центар во Скопје, а полицијата трага по сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top